Thursday, November 27, 2014

Итсорија на компјутерите

  Итсорија на компјутерите

Теориската основа на компјутерите ја има формализирано Алан Туринг во рамките на неговите истражувања.Според некои извори првиот компјутер, наречен З3 (Z3), бил измислен во 1941 година од германскиот инженер Конрад Зуце. Прототипот бил уништен во 1944 година за време на бомбардирањето на Берлин и неговата заслуга не се популаризирала најверојатно од политички причини. З3 бил релативно едноставен за програмирање и користел магнетна лента како меморија.
Со ENIAC започнува Првата генерација компјутери која траела до 1959 година. Голем недостаток на компјутерите од оваа генерација бил загревањето на електронските ламби. Тоа барало дополнителни уреди за ладење. Брзината на тие компјутери била мала, имале и мала меморија, а за памтење на податоците се користела перфорирана хартиена картичка.
 Периодот од 1959 до 1964 година е познат како Втора генерација компјутери. Компјутерите од оваа генерација се изградени врз база на транзистор. Тоа е електронски елемент што може да ја извршува истата функција како електронската ламба, само што е многу помал, троши помалку енергија и помалку се загрева, а е многу побрз од неа. Оттаму и произлегуваат карактеристиките на компјутерите од оваа генерација: имале мали димензии, поголема брзината на пресметување, а за паметење на податоците се користела магнетна дента...
Пронајдокот на интегралните кола довел до појава на Трета генерација компјутери, која што траела од 1964 до 1969 год. Интегралното коло содржи еквивалент од неколку стотини транзистори на минијатурно парче материјал. Тоа придонесло димензиите на овие компјутерите многу да се намалат и затоа ги нарекле мини комијушери. Нивната брзина се зголемила, цената им опаднала и примената се проширила во многу области од човековата дејност...
Во седумдесеттите години се јавува мал тенок слој силициум т.н. чип, на кој може да се „отпечати" комплетно интегрално коло. Појавата на чипот ќе доведе до Четвртата генерација компјутери. Четвртата генерација започнува во 1970 година. Во 1975 година е направен првиот персонален комијутер. Затоа оваа генерација е наречена и генерација на персонални комијутери (од анг. Persona Computer - РС). Ова име го добиле, бидејќи се наменети за работа на едно лице.
Денес се користат и компјутери од т.н. Петта генерација компјутери, кои имаат способност за паралелна рабоша. Исто така, се развива и Шеста генерација компјутери т.н. невронски комијутери, чија работа е слична со работата на невроните во човечкиот мозок и се очекува ова да биде идна генерација на компјутери.